Се продава магацин во Горно Лисиче
- 800,000€
- 800,000€
Преглед
- Магацин
- 521 m²
- 2024
Опис
Опис
СЕ ПРОДАВА/ИЗНАЈМУВА ексклузивен деловен објект, специјализиран за чување стока на температурен режим, според фармацевтските и прехранбените стандарди.
Деловниот објект има површина од 521 м², земјиште под зградата 453 м², дворна површина 1,493 м² и дополнителна парцела од 901 м². Вкупна површина на земјиштето 2,829 м².
Опремени со 4 комори при температурен режим +8C◦/-20◦C, а со вкупен волумен за складирање од 358.2 м3. Подот во коморите е обложен со Бродски лим за да ја издржи тежината на виљушкарите.
Доколку е потребно, системот овозможува и печатење на извештај за температурата во рамките на одреден временски период. Во случај на отстапување од температурниот режим во коморите, системот сигнализира со SMS пораки до одговорните лица и ја алармира базата на податоци. Системот е обезбеден со UPS уреди за напојување, како и агрегат (kVA) 275 што овозможува континуирано работење и на системот и на коморите во случај на прекин на електричната енергија.
Објектот има индустриски епоксиден под од 200 м² во магацинскиот простор околу коморите, а според пропишаните стандарди, магацинот има посебен влез за вработени мажи/жени како предна подготвителна зона за влегување во чиста зона со тоалети, гардероби и туш кабини. Исто така, пред влезот во магацинот има и други помошни простории според пропишаните стандарди.
Објектот има инсталиран систем за техничка заштита, ПП заштита, од провала и кражба, со вградени сензори, аларми и камери за видео надзор.
Инвертер клима уреди се обезбедени за греење и ладење во секоја просторија (вклучувајќи го и ходникот каде што се наоѓаат коморите).
Калкулатор за Кредит
-
Down Payment
-
Loan Amount
-
Monthly Mortgage Payment
-
Property Tax
-
Home Insurance
-
Monthly HOA Fees
- Sasha Jacimic











