подигнувачот на сликата
Се продава Луксузна куќа во Кисела Вода (стара рампа)
  • 490,000€

Преглед

ИД На Имот: 26-0087
  • Куќа
  • Тип на имот
  • 6
  • Спални
  • 6
  • Купатила
  • 3
  • Гаражи
  • 470 m²
  • Големина на регион
  • 2003
  • Година Изградено

Опис

Се продава висококвалитетна куќа во Кисела Вода, Скопје.
Изградена во 2003 година, со нето површина од 470 м2, на три нивоа (сутерен, приземје и поткровје), убаво уреден двор од 220 м2, на централна локација. Статиката на куќата е изведена да може да поддржи изградба на уште два ката без додатно појачување. Во изградбата се употребени најквалитетни материјали кои постоеја во моментот на изградба (подови од храстов паркет, керамика и италијанска санитарија РОCA, италијански гранит на внатрешни и надворешни скали, витражи, камини, првокласни собни врати, соларни панели на кров, изолација сендвич зидарија, кров изолиран меѓу рогови, алуминиумска надворешна столарија со термопан стакло и седмокоморен германски Rehau профил, котлара со врвна опрема, пумпи за секое ниво посебно, котел на струја и пелет на приземје, огради од масивна кованица, ентериер скалници масив бука, влезни врати сефовски кои се америкнаски увоз преку Мегасеф Охрид).
Фасадата е луксузен пикован камен.
Куќата има 2 дневни соби, 2 терпезариски соби, 6 спални соби, 6 бањи, 2 стандардни кујни, котел на струја и пелет за приватно парно, со пумпи за секое ниво посебно, клима уреди, гаража (за три возила) и паркинг простор за едно возило во дворот.
Куќата има две посебни станбени единици.
Секој кат е одвоен и има: голема дневна со терпезарија и кујна, камин, ходник, 3 спални соби, голема тераса, 1 голема бања и 1 гостински тоалет. Дневната и терпезаријата се отворени и облеани со природна светлина.
Во сутеренот, кој е само 80цм вкопан, има: две простории кои можат да се користат како деловен простор, опремен со канцелариски мебел, магацински простор и конекција со гаражниот простор.
Двор има на предниот дел на куќата и на задниот дел на куќата. Во задниот дел има и летниковец.
Локација: на сама граница меѓу Центар и Кисела Вода (на Рампа), на само 7-10 минути пешачење до плоштад Македонија.

ЦЕНА:  490.000 евра

Калкулатор за Кредит

Споредете огласи

Споредете